Постојат многу начини да го добиете вниманието на социјалните мрежи, а еден од нив е да имате совршен задник како Џен Селтер (20) од Њујорк.
Оваа девојка, сопственичка на најпопуларниот задник, заради своите физички атрибути има повеќе од 1,3 милиони обожаватели на Инстаграм.
– Луѓето вклучени во фитнесот не сакаат да го гледаат моето лице. Сакаат да ги видат моите нозе и задник, како резултат од секојдневно напорно вежбање- вели Џен Селтер.
Оваа девојка знае дека за добриот изглед не е доволна генетиката. Штом се уверила од ефектите од напорното вежбање, тоа станало нејзина рурина.
Со својот пример сака да ги мотивира и другите и да го прифатат вежбањето како дел од дневната рутина. За таа цел ги користи фотографиите од својот беспрекорен задник кои редовно ги објавува на Инстаграм и напоменува дека нема од што да се срами.
Фотографиите започнала да ги објавува пред година дена. Кога на Инстаграм бројот на нејзини обожаватели преминал 300.000, компанијата „Најк“ и „Њу баланс“ и помудиле спонзорство. Џен Селтер успеала да ја импресионира и Ријана, која се наоѓа меѓу нејзините обожаватели.