Најплатените милионери после смртта

Форбс” обично нè изненадува со листи на најдобро платените ѕвезди, најуспешните млади луѓе, најбогатите и највлијателните.

Овој пат сепак од списанието ни нудат една поинаква листа – на 13-те најдобро платени, но починати американски ѕвезди.

Ќе се зачудите колку милиони генерираат имињата и лицата на најуспешните во една ваква морбидна катгорија.

Еве кои се најбогатите мртви ѕвезди.

Мајкл Џексон

1

Кралот на поп музиката почина во 2009 година, но тоа не значи дека банкарската сметка престанува да расте. Оттогаш наваму тој заработува 9 цифри износ секоја година и денес ја предводи листата на “Форбс” за најпрофитабилните починати ѕвезди со цели 115 милиони долари, заработени за 2015.

- Реклама -