Без изненадување Avatar е најпиратираниот филм во годината. Овој мега-блокбастер бил симнат преку торент сајтови неверојатни 16.580.000 пати. Тоа е 33 проценти повеќе од ланскиот најпиратиран филм, Star Trek, кој бил симнат речиси 11 милиони пати.
Студиото кое го дистрибуираше филмот, 20th Century Fox не се многу тажни поради оваа статистика. Филмот им донесе речиси 2,8 милијарди долари и стана најпрофитабилниот филм во историјата на кинематографијата. Режисерот Џејмс Камерон често вели дека 3D филмовите се најдобар лек против пиратеријата, но 3D очила не ги спречија пиратите од кршење на сите рекорди поврзани со пиратеријата.
Изненадувачки, втор на списокот е Kick-Ass, дистриубирен од Lionsgate. Филмот бил симнат 11.400.000 пати, а во кино салите заработи 96 милиони долари. На трето место е Inception, симнат 9.720.000 пати, кој бил најпиратираниот филм во последните два месеци. The Hurt Locker, кој го освои оскарот за најдобар филм, е на деветотот место на списокот, што е интересно бидејќи продуцентите на овој филм во моментов имаат тужба против голем број пирати и ги обвинуваат нив за малата заработка (под 50 милиони долари).
Ова се десетте најсимнувани филмови во 2010 година според TorrentFreak:
1. Avatar / 16.580.000
2. Kick-Ass / 11.400.000
3. Inception / 9.720.000
4. Shutter Island / 9.490.000
5. Iron Man 2 / 8.810.000
6. Clash of the Titans / 8.040.000
7. Green Zone / 7.730.000
8. Sherlock Holmes / 7.160.000
9. The Hurt Locker / 6.850.000
10. Salt / 6.700.000