Ви претставуваме еден малку поразличен и оригинален проект – подвижна мини кујна , дело на Аота студио ( Aotta studio ).
Интересниот изум е погоден за живеалиште во кое не се готви често, но и за канцеларии и хотели.
Идејата на мини кујната е да ги замени кујнските елементи, барем оние поосновните. Секој модул е наменет за еден електричен апарат (микробранова, кафемат-машина и сл.) и додатоците кон него – на пример чаши, чинии, прибор за јадење , чај, кафе и друго.
Покрај тоа што е погоден, овој изум создава и добро расположение кај секој што го поседува.