Најопасните плажи во светот

Плажите ќе му дојдат нешто како рај на Земјата, ама некои од нив всушност се добро прикриени машини за убивање на капачи.

Нова Смирна (New Smyrna), Флорида

New_smyrna_beach[1]

Националниот универзитет на Флорида ја вбројува во топ 10-те најдобри плажи на Флорида. Ама репутацијата на Њу Смирна не е без темни дамки. Од 112-те напади на ајкули врз луѓе ширум светот во 2007 година, на Њу Смирна се случија дури 17. Во водата живеат неколку типови ајкули, кои често ги помешуваат сурферите со храна. Низ годините имало вкупно 238 напади, додуша ниту еден фатален, засега. Според Гинисовата книга на рекорди, Њу Смирна е „главен град“ на нападите од ајкула.

А не се само ајкулите во водата проблем на Њу Смирна. Додека се бориш со ајкулите да не ти ја одгризат ногата, многу веројатно е дека некој крадец ќе ти собере сé што си оставил на плажата.

Heard Island, Антарктика

heardisland

За разлика од типичните плажи каде што одиш на одмор, водите на Heard Island се опасно смрзнувачки студени. Зошто некој би ризикувал хипотермија? Заради екстремното сурферско искуство на ледените бранови. Островот всушност е џиновски вулкан и се наоѓа на 4100 километри од Перт, Австралија. Територијата ѝ припаѓа токму на Австралија, иако островот е многу поблиску до Антарктикот.

Cape Tribulation (‘Ртот на страдањето), Австралија 

Aerial%20of%20Cape%20Trib%20Camping[1]

Дом е на многу опасни животни, а и самото име на плажата е предупредувачко (‘Рт на маката/страдањето). Глетките на крокодили се ретки, ама ги има. Тука живеат и птиците касовари – кои се „роднини“ на австралиското ему, а и многу отровни змии. За време на дождовната сезона, од октомври до ран јуни, најголемата опасност се крие во водата, каде што близу брегот пливаат илјадници проѕирни таканаречени „box“ медузи – познати како едни од најотровните медузи што можат да убијат човек за само неколку минути. Нивниот отров го напаѓа кардио-васкуларниот систем, кој пак резултира со давење на каснатиот. Од 1883 наваму, box медузите имаат убиено најмалку 70 луѓе.

Се покажа дека оцетот делува како противотров на овие медузи, па затоа долж плажата има поставено сандачиња со шишиња оцет, кој има ефект само ако се нанесе во првите 2-3 минути.

DSCF9379_Cape_Tribulation_Stinger[1]

Праја Де Боа Виажем (Praja De Boa Viagem), Бразил

boa[1]

Пред 1992 година, се немаше слушнато за напад од ајкула на оваа песочна плажа близу Ресифе. По 1992 година, се случија најмалку 50 напади од ајкули, од кои 19 беа фатални. Еколозите сметаат дека за тоа се виновни рибарските бротчиња кои се накотија во блиските води и го уништија морскиот екосистем, со што ги присилија ајкулите да дојдат поблиску до брегот во потрага по храна.

Шенжен, Кина

XRNndPd[1]

Популарната плажа за туристите и локалните се наоѓа веднаш преку границата со Хонгконг. До толку е популарна, што е опасно преплавена со луѓе, и самата плажа, и водата. Тоа доведува до бројни несреќи, најчесто кај деца под 14 години, чиј број е во постојан пораст.

Плаја Зиполите, Мексико

Playa-Zipolite-Oaxaca-Mexico-Renunciamos-y-viajamos-10[1]

Прекрасна е, ама ја викаат и „Плажа на мртвите“. Со такво име, очекувано би било луѓето да ја избегнуваат, но сепак, живописниот рај добро ги крие своите опасни тајни. Песочниот брег е сосема безбеден, но разбрануваните води – воопшто не се. Огромните бранови предизвикуваат силни подводни струи кои ги одвлекуваат пливачите кон длабочините на океанот. Од таа причина, на плажата има специјално обучени спасувачи, што се покажа како мошне ефективно во намалување на бројот на случаи на давење.

Стејтс Бич (Staithes Beach), Јоркшир

15092714456_ccd5907f73_b[1]

Не е баш топла, ама е позната по сурфањето. Сепак, групацијата „Сурфери против отпадот“ ја прогласи за една од најлошите плажи во Европа. Според Marine Conservation Society, плажата е толку загадена што не ги задоволува ни минималните услови европски стандарди за пливачки спортови. Отпадите од земјоделските полиња се чини дека се главната причина. Сеедно, малкумина пливаат таму. Главно ја користат за сурфање или за веслање.

Ханакапијај Бич (Hanakapiai Beach), Хаваи

Hanakapiai_Beach,_Na_Pali_Coast,_Kauai,_Hawaii[1]

Прво, за да стигнете до плажава, морате да поминете патека долга 3.2 километри. Ханакапијај е една од најубавите плажи на Хаваи, но и најдалечна. Таму нема спасувачи, а иако водата изгледа мирна, силните струи многу лесно повлекуваат капачи кон отвореното море. А ако те повлечат, најблискиот безбеден брег е оддалечен околу 9.6 километри. Преку 83 луѓе се имаат удавено заради тоа што ги потцениле брановите.

- Реклама -