Најочекуваните филмови за 2016 според книги

Нема збор, дека речиси сите книги се подобри од филмовите и ретко се случува да е обратно. Сепак треба да се согласиме дека филмовите се одлично дополнување на книгите и ни нудат различни гледни точки.

maxresdefault

Логично е да бидеме љубопитни да дознаеме како изгледа екранизацијата на нашите омилени книги, па затоа да ѕирнеме во филмските адаптации што ги очекуваме годинава:

1. 5th Wave – Рик Јанси

Петтиот бран доаѓа, а Каси треба да го избегне. Суштествата кои изгледаат како нас и знаат како размислуваме се дојдени за да не убијат. Да си сам значи да преживееш. Или барем така верува Каси, додека не го сретне Еван Вокер. Убав и таинствен, Еван можеби е единствената надеж на Каси да го спаси нејзиниот брат, па дури и себе, но изборот е тежок, бидејќи е избор на живот и смрт.

2. Assassin’s Creed – Оливер Боудeн

Toj e неправедно обвинет за предавство, a неговиот татко и неговите браќа се убиени. Тој ветува одмазда … но предавниците се подмолни и безмилосни – многу пожестоки, отколку што претпоставува. За да се подготви за опасната мисија, тој станува дел од мистериозниот “Орден на асасините”.

3. Fantastic Beasts and Where to Find Them – Џ.К. Роулинг

Приказна за писателот Њут Скамандер и неговите авантури во тајното магично општество на Њујорк, седумдесет години пред оние опишани во “Хари Потер “.

4. The Girl on the Train – Пола Ховкинс

Секое утро Рејчел го фаќа истиот воз. Тој се движи изолиран по шините, поминува покрај пријатни провинциски домови и запира на црвениот сигнал на семафорот. Во тоа време Рејчел набљудува двојка која што појадува на својата тераса. Ги нарекува Џес и Џејсон. Во нејзините очи тие имаат совршен живот. Како оној кој таа неодамна го изгуби. Но еден ден сè се менува …

5. A Monster Calls – Патрик Нес

Чудовиштето се појавува по полноќ…како и секогаш. Но, тоа не е чудовиштето од кошмарите кое што Конор го очекува, откако неговата мајка започнува со лекувањето. Ова чудовиште е древно и диво и го бара најопасното нешто од Конор. Ја бара вистината. Патрик Нес ја создава приказната според идеја на Шавон Доуд, чија што прерана смрт од рак, не и дава можност сама да ја напише.

6. Miss Peregrine’s Home for Peculiars Children – Рансом Ригс

По страшна семејна трагедија 16-годишниoт Џејкоб тргнува на пат кон далечен остров крај брегот на Велс, каде што ги открива урнатините на домот на мис Перегрин за чудни деца. Додека ги истражува напуштените соби и ходници, Џејкоб дознава дека децата на мис Перегрин не биле само чудни, туку веројатно биле опасни и неслучајно изолирани на осамен остров, а можеби – колку и да звучи неверојатно – сè уште живи.

- Реклама -