На почетокот на 2012 година, дали некој ќе предвидеше дека најголемото откритие годината ќе бидат Fun, бенд со само еден албум ( и неколку турнеи)? Веројатно не, што докажува дека предвидувањето за тоа што ќе биде најдобро во текот на 2013 година е неточна наука.
Затоа, наместо музички предвидувања, MTV состави листа со најочекувани рок-албуми за 2013 година, на која се и Arcade Fire, The Black Keys, Yeah Yeah Yeahs, Nine Inch Nails и Pearl Jam.
Arcade Fire
Наводно, членовите на бендот работат со „полно работно време“ по добиената „греми“ награда за албумот The Suburbs, а неодамна претставија и нова песна, Crucified Again. И како исчекувањето да не беше доволно високо, овој месец тие изјавија дека ќе се здружат со поранешниот фронтмен на LCD Soundsystem, Џејмс Марфи за неколку песни на албумот што треба да излезе до крајот на годината.
Atoms For Peace
Проектот на фронтменот на Radiohead, Toм Јорк, вклучувајќи ги Фли, Најџел Годрич, Џои Варонкер и Мауро Рефоско, ќе го издаде својот деби-албум Аmok на 25 февруари. Во пресрет, тие почнаа да го трансформираат Лос Анџелес во пост-апокалиптичен пустош. Ако песните како Default и What the Eyeballs Did се репери, тогаш, не очекува добро клаустрофобично доживување.
The Black Keys
Следбеникот на номинираниот за „греми“, El Camino, дефинитивно се случува во 2013 година, а Black Keys ќе почне да снима во јануари, со планови албумот да биде завршен до пролет. Едно прашање: Дали Derrick T. Tuggle ќе се појави овој пат?
Kings of Leon
Дружината е зафатена со свадби, правење бебиња и реализирање други проекти уште од Come Around Sundown, но тоа не ги спречи да започнат со работа за новиот албум, кој можно е да се преслуша во 2013 година.
My Chemical Romance
Веќе почнаа да издаваат песни од таканаречената Conventional Weapons серија, односно албумот кој го снимија пред снимањето на албумот од 2010 година, Danger Days: The True Lives of the Fabulous Killjoys, а гитаристот Френк Леро изјави дека MCR веќе работи на нов материјал, ги пишува и снима песните во студиото во Лос Анџелес. Кој ќе биде концептот овој пат? Ќе треба да почекаме и да видиме.
Nine Inch Nails
По разделбата во 2009 година, Трент Резнор го заврте вниманието кон креирање филмска музика, па дури и освои „оскар“ за неговата работа во The Social Network, и правеше музика со сопругата во How to Destroу Angels. Поради сето тоа, повеќето помислија дека NIN завршија, засекогаш, но во последните неколку месеци се покажа спротивното, откако Резнор изјави дека има нова музика со Nails, а бендот може да направи уште некоја турнеја.
Paramore
Paramore ќе се вратат на 9 април со нивниот истоимен 4. албум, а според тоа како звучат нештата, тие имаат што да докажат. Неодамна членовите изјавија дека со создавањето на овој албум тие повторно се откриле себеси, процес кој им дозволил да се ослободат како музичари, пејачи и како луѓе. Ослободувањето започнува со првиот сингл Now, кој излегува овој месец.
Pearl Jam
Бендот се врати на сцената во 2009 со албумот Backspacer и, наводно, работи на следбеник од април 2011, кога басистот Џеф Армент изјави дека Pearl Jam снима „цел куп демоа“, од кои има околу 25 песни. Се разбира, оттогаш, исто така, членовите направија пауза за да погледнат наназад, по повод нивната 20- годишнина. Дали во 2013 ќе ја започнат својата трета декада со нов албум? Останува да видиме.
Queens of the Stone Age
Поминаа пет години од последниот албум на „кралиците“, а се чини како да надоместуваат со најновиот кој треба да се појави ова лето. Повторно е регрутиран Дејв Грол на тапани, а фронтменот Џош Хом веројатно ги „закопал секирите“ со поранешниот басист Ник Оливиери, кој сега придонесува придружни вокали.
Yeah Yeah Yeahs
Веројатно Yeah Yeah Yeahs ќе издаде албум на пролет, It’s Blitz! од 2009 година, иако не е сосема јасно што членовите подразбираат под „днк-надградби“ и „спонтана еволуција“. Само времето ќе покаже. [Paramore, Black Keys Top Our List Of 2013’s Most Anticipated Rock Albums]