Најново решение против глобалното затоплување





Повеќе... Од една страна загадувачи, а од друга
спасувачи, бродовите со џиновски оџаци кои патувајќи по светските мориња прават
облаци за да ги отстранат сончевите зраци, би можеле да одиграат значајна улога
во борбата против глобалното затоплување, тврдат научниците.





бродовиОд една страна загадувачи, а од друга спасувачи, бродовите со џиновски оџаци кои патувајќи по светските мориња прават облаци за да ги отстранат сончевите зраци, би можеле да одиграат значајна улога во борбата против глобалното затоплување, тврдат научниците.

„Бродовите кои прават облаци“ се најпопуларни во низата мерки кои би можеле да го променат курсот на климата, сметаат водечките научници од таа област. Проектот на кој работат американски и британски научници, вклучува 1900 бродови кои ќе се движат на ветер, ќе ја вшмукуваат морската вода и ќе ја распрскуваат низ високите оџаци, со што ќе се создаваат бели облаци. Овие облаци би требало да рефлектираат еден до два проценти од сончевата светлина која, кога би ги немалo нив, би го загревалa океанот уништувајќи го на тој начин ефектот на зелена градина до што доаѓа при емисија на штетните гасови.

Со бродовите би се управувало сателитски и би се воделе во области во кои постојат најдобри услови за зголемување на облачноста – на Пацификот и на доволна оддалеченост од копното за да не би се влијаело на вообичаените дождливи сезони.

Другите идеи во оваа борба, вселенските огледала и распрскувањето на гроздов прав по морињата се отфрлени како неизводливи или прескапи. [The cloud ships that could cancel out effects of global warming this century for £5.3bn]

- Реклама -