Секогаш ни е особено драго кога имаме можност да ви претставиме млад талент од земјава, кој постепено го наоѓа својот пат да се прошири во светски „рамки“.Имено, се работи за македонскиот 17 годишен композитор Мартин Андов кој зад себе има искомпонирано дури 55 инструментални парчиња,а дел од нив можете да погледнете на неговиот канал. Најновото музичко електронско парче кои го изработил е направено во контакт со рускиот артист Ex Artur.
„Почнав да се занимавам со оваа работа кога имав 12 години. Желбата растеше се повеќе, па со текот на времето почнав да купувам аудио опрема. Со многу труд за помалку од една година направив многу со мојата музика“, вели Мартин за 365.
Во продолжение слушнете ја песната.