Брендот H&M продолжува со заштитата на животната средина. Пример за тоа е најновата колекција на вечерна облека Conscious Exclusive која ја сочинуваат елегантни костуми за мажи, женски фустани и комбинизони, како и аксесоари кои се изработени од еко материјали. Станува збор за органски памук и преработен полиестер.
Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 4 април во вкупно 140 продавници на H&M низ светот, како и на официјалниот сајт на компанијата.
Главниот дизајнер на најновата линија изјави дека е воодушевен од резултатите бидејќи станува збор за спој на вистински гламур и материјали кои не и штетат на природната и дека ваквиот начин на работа и во иднина ќе биде приоритет на нивната компанија.