Најновата британска ѕвезда има 80 години

музикаНајновата атракција на мегапопуларното британско шоу „Британија има талент“ е Џејни Катлер од Блекбурн. Таа едвај се довлечка до сцената, потребна ѝ беше помош да го најде местото означено за изведба и едвај се разбра со судиите. Но, тогаш…

Најновата атракција на мегапопуларното британско шоу „Британија има талент“ е Џејни Катлер од Блекбурн. Таа едвај се довлечка до сцената, потребна ѝ беше помош да го најде местото означено за изведба и едвај се разбра со судиите. Но, тогаш…

ТалентЏејни Катлер, бабата од Блекбурн (која од некои причини учествуваше на аудицијата во Глазгов), e мајка на 7 деца, баба на 13 внуци и прабаба на 4 правнуци. Кога дојде времето за нејзиниот настап, едвај дојде до сцената, потребна ѝ беше помош за да дојде до местото одредено за настап и едвај се разбра со судиите. Но, кога дојде времето за настап, нејзиниот глас го кажа сѐ место неа.

Џејни ја испеа “No Regrets” од Едит Пјаф, а кога ја прашаа зошто се пријавила, одговори: „Сакам да пеам, а пријателите ми велат – подобро доцна, отколку никогаш“. Настапот, во полн сјај, можете да го погледнете тука.

- Реклама -