Пишува: Џабир Дерала
Најмрачното место на кое можев да бидам во 4 часот наутро е Клиничкиот центар во Скопје. Во тој град во град, мрачен град во град, ме пречекува рампата за паркинг. Влегувам со притисок на валканото копче и го извлекувам билетот. Уличките се преполни со дупки. На речиси секој агол гледам кучиња кои подзастануваат и со поглед го следат моето движење, а потоа се враќаат на ноќното досадување. На раскрсниците има релативно нови патокази за тоа која клиника каде се наоѓа. Уличките се мрачни, па затоа морам да пуштам долги светла за прочитам што пишува на нив.
Детската клиника е тивка. Сепак, влезот е осветлен, а на ѕидовите се нацртани хероини од Дизниевите анимирани филмови. Дежурната докторка е уморна, но љубезна и професионална. На излегување, забележав една порака до дежурниот персонал, со сите големи букви, со неколку правописни грешки и многу извичници. Најдолу пишува дека тоа е НАРЕДБА ОД ДИРЕКТОРКАТА. Понижувачки за персоналот, но и за пациентите. Каква болница е ова, во која персоналот се третира така пред очите на секој што влегува таму? Постапката во лабораторијата е брза, младиот лаборант е уморен, но љубезен. Лифтовите чкрипат, стари и валкани. За услугата плативме 108 денари.
Следна станица е Интерно, на вториот кат, каде што е Клиниката за уво, нос и грло. Од десната страна е Токсикологија. Светлината е слаба…
Целиот текст ќе го најдете на Слободен Печат.