Најмладиот урбан колектив „ОVC” со дневeн рејв на „Силата ЕУ младите”

Четири диџеи на „ОVC Колектив”, вчера во Лабораторим на дневна рејв журка ја промовираа електронската музика како дел од платформата „Силата ЕУ младите”, која стартуваше завчера со настап на средношколскиот рок бенд “Црно Собрание”. Платформата која е во организација на Здружението за развој на музика и култура КРАЈ ВАРДАРОТ Скопје и ПМГ Рекордингс, има за цел да ја препознае, поддржи и промовира креативната сила на младите луѓе активни во градење на современа урбана култура. Платформата „Силата  ЕУ младите” во наредните два месеци ќе ги обедини прогресивните и креативни млади кои со своето творештво промовираат прогресивни вредности.

– Се бавиме со промовирање на електронска музика, но исто така работиме и на подигнување на свеста кај младите од аспект на перспектива на заедница и на дружба. Работиме и со различни концепти како денскиот рејв и клупски вечери. Сакавме да направиме нешто поинакво затоа што електронската музика е за сите, дури и за оние што не можат да дојдат навечер во клуб и не сакаат да седат до доцна,  па еве можат да ги посетат денските рејвови и да ја искусат електронската музика во потполен ефект – вели Марко Аврамовски- менаџер на OVC, најмладиот урбан колектив во градот.

Инаку се работи за осум члена група млади луѓе од кои четири резиденти диџеи кои промовираат електронска музика во склоп на нов визуелен идентитет и нова култура.

-Сакаме да работиме мултидимензионално. Ако до сега диџеите и колективите беа фокусирани стриктно само на саунд, ние сакаме да донесеме и визуелен дел на ова, меѓутоа сакаме да донесме и нова култура. Затоа и ако ја посетите нашата страна или ако ги следите нашите забави и промоциите кои што ги правиме, секогаш апелираме на бон-тон, на почитување на просторот, на луѓето кои што работат на евентот и со тоа помагаме да се подигне и да се креира нова свест помеѓу нашата публика или на англиски rave goers – вели Марко.

Атмосферата од денешниот настап на ОВС погледнете ја низ објективот на нашиот фотограф Марио Андоновски.

- Реклама -