Најмладиот учител на светот има 11 години

Повеќе...

Единаесетгодишното девојче од Соединетите Американски Држави, Адора Свитак оди во основно училиште, но не да слуша туку да предава. Ја опишуваат како "литерарна дива", а на нејзинитe таленти, изгледа, им нема крај.


adora1.jpg

Единаесетгодишното девојче од Соединетите Американски Држави, Адора Свитак оди во основно училиште, но не да слуша туку да предава. Ја опишуваат како "литерарна дива", а на нејзинитe таленти, изгледа, им нема крај.
Научила да чита на три години, а на седум почнала да држи предавања во училиште, кога ја објавила и својата прва книга "Летечки Прсти", збирка раскази која содржи упатства за оние кои сакаат да пишуваат. Втората книга, "Разиграни Прсти" девојчето ја издало минатата година, а моментално работи на својата четврта. Нејзини омилени жанрови се епската фантастика и фантазија. 
Адора е брза – на тастатура пишува од 80 до 112 зборови во минута, чита 2 до 3 книги дневно, а годишно пишува околу 330 000 зборови. Нејзиниот дневен распоред често не завршува пред 23 часот. 
Себеси се гледа како "учител, поет и хуманист", но за остатокот од светото таа едноставно е "дете со мозок на возрасна особа". Нејзината мајка, Џојс трври дека нејзината ќерка е најмладиот учител на светот. Џојс, која пораснала во Кина за време на Културната револуција и немала многу пристап до книгите, за да на нејзините деца не им биде скратено образованието, таа се одлучила на домашно образование.
Адора поминала веќе 300 училишта низ светот да го подели искуството со другите деца. Заради тоа се стекнала и со епитетот "истражувач". 

adora2.jpg

Нејзиното семејство го преуредила подрумот од семејната куќа во Редмонд во телевизиско студио во кое Адора држи видео-конференции за деца, возрсни и учители по цена од 300 долари за 50-минутно предавање.
Премногу е барана и во индустрискиот свет, а добива и до 10 000 долари да им го објасни на учителите и останатите работници влијанието на технологија врз креативните процеси. Неодамна ја најмил и "Мајкрософт" да одржи предавање за компјутерите во образованието. 
"Сфаќам дека сум уште дете, иако се чувствувам постара", изјавила Адора. "Неодамна направив тест на интернет кој ги погодува вашите години. Резултатот беше 50 до 60 години."
Адора обожава да гледа вести. Најмногу е загрижена за светската економија, глобалното затоплување, епидемијата на колера во Зимбабве, падот на квалитетот на американското образование и гладот што владее во светот. 
Таткото на Адора, Џон е доктор по физика и работи како програмски инженер, додека нејзината сестра Адријана (13) е талентиран музичар. [Is Adora Svitak the cleverest child in the world?]
- Реклама -