Најмладата милијардерка во Америка

Bloomberg неодамна објави статија за Линси Торес, 30-годишната сопственичка на ресторани за брза храна „In-N-Out Burger“ а станува збор за најмладата милијадерка во САД.

Интересно е тоа што Торес нема факултетска диплома, а нема ни поминато обуки за менаџирање на ресторан, но сепак „In-N-Out Burger“ има преку 280 ресторани во 5 американски држави, а вредноста на ланецот на ресторани се проценува на нешто повеќе од милијарда долари.

„In-N-Out Burger“ е основан во 1948та година од страна на нејзината баба и дедо, Естер и Хари Снајдер, од еден малечок киоск се претвори во голем ланец познат по своите хамбургери во кои се употребуваат само свежи состојки, а специфично е дека нивната амбалажа сокрива дискретно сместени цитати од Библијата.

 

1114

- Реклама -