На патниот правец Гостивар-Кичево се случи верижен судар на неколку возила поради недржење растојание при управување со нив.
Во сообраќајката девет лица се здобиле со потешки и полесни повреди, информираат од СВР Тетово.
Сите три возила коишто учествувале во верижниот судар се со гостиварски регистарски таблички.
Едно 58-годишно лице, кое управувало со едно од возилата, се здобило со многу тешки телесни повреди и тој е задржан на болничко лекување, додека останатите, по лекарската интервенција, се пуштени на домашно лекување.