Најмалку 43 лица загинаа во судар на камион и автобус во Франција

Најмалку 43 лица загинаа во директен судар на камион и автобус на југоистокот на Франција во Лилбурн, во областа Жиронд. Сударот се случи утрово нешто после пет часот, на место каде има опасна кривина.

Во несреќата, според најновите податоци има осум преживеани, од кои пет се полесно повредени. Жртвите се патници на автобусот и возачите на камионот и на автобусот. Двете возила се запалиле веднаш по сударот.

Патниците на автобусот се сите од иста општина, пензионери кои оделе на патување.

Истрагата за околностите на несреќата е во тек и истовремено е отворена психолошка ќелијата за преживеаните и нивните блиски.

Ова е најтешката сообраќајна несреќа во последните 30 години во Франција.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија
- Реклама -