Најмалку 18 лица загинаа при напад врз аеродромот во Кандахар

Најмалку осумнаесет лица загинаа, откако Талибанци го нападнаа аеродромот во авганистанскиот град Кандахар, каде што се распоредени сили на НАТО и на авганистанската армија.

Нападот започна синоќа и траеше цела ноќ, пренесуваат агенциите.

“Осумнаесет лица, меѓу кои цивили и војници, загинаа, а 11 се повредени, соопштуваат локалните власти.

Утрово авганистанската влада соопшти дека непознат број напаѓачи биле убиени во реонот на аеродромот во Кандахар. Локалните жители сепак зборуваат за престрелки и експлозии, што не сопираат.

Напаѓачите имаат заложници

Авганистанските сили се обидуваат да неутрализираат околу петмина талибанци, кои преживеале по престрелката, пренесе Reuters.

“Операцијата продолжува многу бавно, бидејќи талибанците успеале да земат шестмина заложници, вклучувајќи две жени и две деца”, изјави командантот на 205 корпус на авганистанската армија.

- Реклама -