Седумнаесет лица се убиени во нападот со огнено оружје во средно училиште во Паркленд Флорида, што вчера напладне по локално време го изврши 19 момче. Повеќе од 20 се повредени и пренесени се во локалните болници.
Николас Круз, кој бил уапсен два часа по масакрот, е поранешен ученик во ова училиште кој бил избркан поради недисциплина, а полицијата вчера накусо соопшти дека при проверката ан неговиот профил, откриени се многу вознемирувачки детали.
Гувернерот на Флорида, Рик Скот, донесе одлука до понеделник знамињата на сите институции да бидат на половина копје во чест на жртвите од средното училиште Маџори Стоунмен Даглас.
Училиштето ќе биде затворено до крајот на неделата, соопшти директорот на државните училишта во областа Бровард, Роберт Руни.
Круз денеска ќе биде изведен пред пред суд.
На социјалните мрежи се појавија потресни фотографии и видеа од масакрот, од внатрешноста на училиштето. На нив се слушаат врисоци од учениците, додека напаѓачот пука и изговара навредливи зборови.
Овој крвав настан спаѓа меѓу 10 најкрвави масовни престрелки во современата американска историја. и е 18 те од почетокот на оваа година.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во првичната реакција по нападот, изјави: “Сочувство до семејствата на жртвите од ужасната трагедија во Флорида. Ниту едно дете, наставник или некој друг не треба никогаш повеќе да се чувствуваат небезбедно во едно американско училиште”.
Во дебатата која се отвори за време на кампањата за претседателските избори, Трамп застана на страната на асоцијацијата за оружје, која се залага да нема контрола на оружјето во САД.