Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансира 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, при што загинаа седум лица и предизвика голема штета на електричната мрежа
Дванаесет лица, меѓу кои се и две деца, се загинати, а 52 се повредени вчеравечер кога руска ракета погодила деветкатна станбена зграда во североисточниот украински град Суми, соопштија украинските служби за итни случаи.
Во известувањето од службите се наведува дека повеќе од 400 луѓе биле евакуирани.
Нападот на Суми уследи по утринските напади на Русија врз електричната мрежа на Украина.
Во најголемиот воздушен напад во речиси три месеци, Русија лансира 120 проектили и 90 беспилотни летала кон Украина, при што загинаа седум лица и предизвика голема штета на електричната мрежа.
The bloodthirsty botoxed bastard ordered his minions to launch a ballistic missile strike on Sumy this evening. It hit a residential building with civilians. Many were injured and killed, including two children. pic.twitter.com/3emWMTKUFA
— WarTranslated (Dmitri) (@wartranslated) November 17, 2024
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот на Телеграм.
„Ракетен напад на деветкатницата во Суми. Знаеме за загинатите и ранетите, а меѓу нив има и деца. Моето сочувство до семејствата. Криминалецот мора да биде казнет за убиство на невини луѓе“,
напиша Зеленски.
Според градоначалникот на Суми, ракетата го погодила и дворот на зградата предизвикувајќи голема штета на околните куќи и автомобили.
⚡️ A Russian missile strike on a residential area in Sumy killed at least 8 people, including 2 children, and injured 49.
Over 400 residents have been evacuated. pic.twitter.com/oSdzea56ga
— UNITED24 Media (@United24media) November 17, 2024
Овој напад доаѓа по веста дека американскиот претседател Џо Бајден и дозволи на Украина да го користи АТАЦМС-системот, ракети со долг дострел за да ги нападне руските и севернокорејските сили во руската област Курск.
Украина со месеци бараше од западните сојузници да и дозволат да користи проектили со долг дострел за напади во Русија, за што рускиот претседател Владимир Путин кажа дека дека би значело директно вклучување на НАТО војната во Украина.