Најмалку 10 лица се убиени во експлозијата во Истанбул

8bc798adc1eef8b64be39deb942f0580Најмалку 10 лица се убиени и 15 се повредени при експлозија на централниот плоштад во најголемиот турски град – Истанбул, потврди гувернерот на Истанбул.

Плоштадот, каде избувна експлозијата е во близина на главните туристички атракции – Сината џамија и црквата Света Софија. Сведоците раскажуваат дека виделе делови од тела по експлозијата. Турската полиција го чува плоштадот, во случај на втора експлозија.

Експлозијата во Истанбул е терористички акт?

Властите ја испитуваат причината за експлозијата, но државната телевизија TRT соопшти дека најверојатно нападот бил предизвикан од бомбаш-самоубиец, за што посведочија и неколку очевидци.

Засега анонимен извор од турската влада изјавил дека турските власти се сомневаат дека навистина се работи за терористички акт, па останува да се почека официјална изјава дали е навистина така или се работи за нешто сосема друго.

- Реклама -