Најмалку 10 лица се убиени и 15 се повредени при експлозија на централниот плоштад во најголемиот турски град – Истанбул, потврди гувернерот на Истанбул.
Плоштадот, каде избувна експлозијата е во близина на главните туристички атракции – Сината џамија и црквата Света Софија. Сведоците раскажуваат дека виделе делови од тела по експлозијата. Турската полиција го чува плоштадот, во случај на втора експлозија.
Експлозијата во Истанбул е терористички акт?
Властите ја испитуваат причината за експлозијата, но државната телевизија TRT соопшти дека најверојатно нападот бил предизвикан од бомбаш-самоубиец, за што посведочија и неколку очевидци.
Засега анонимен извор од турската влада изјавил дека турските власти се сомневаат дека навистина се работи за терористички акт, па останува да се почека официјална изјава дали е навистина така или се работи за нешто сосема друго.