Најмалите нешта на планетата

Ние, луѓето, обично сме опседнати со големи работи. Безразлика дали станува збор за автомобил, куќа, банкарска сметка, гради, маж – колку поголемо, толку подобро. Денес сепак ќе погледнеме во најмалите нешта во универзумот:

Најмалиот меѓународен мост

1(330)

Кога станува збор за меѓународни мостови, едноставно сме должни да размислиме. Погледнете го мостот Завикон Ајленд  кој  е најмалиот интернационален мост во светот. Се наоѓа на американско-канадската граница и е долг само 9.75 метри, а  поврзува два мини острови, од кои, секој припаѓа на посебна држава.

Најкраткиот филм

Понекогаш токму малите нешта не тераат да сфаќаме колку далеку отишла технологијата. Така е и со филмот „The One Second Film“. Анимацијата e основана во 2001 година и се состои од стандардните 24 фрејмови во секунда. Прикажана е жена во различни нијанси на бои.

Најмалиот  паб

Ако сакате да пиете пиво во мали простори, значи ова е вашиот паб. Локалот е наречен Blomberger Saustall и се наоѓа во Германија. Располага со минијатурна плоштина од 5.19 квадратни метри, што без навестување на сомнение го прави најмалиот паб во светот.

 Најмалото дрво

Ако го видите некогаш, најверојатно воопшто нема да забележите дека штотуку сте поминале покрај дрво. Врбата џуџе (Salix herbacea) е најмалото дрво во светот.

Најмалиот облакодер

Кога мислиме на облакодери, првото што ни доаѓа на ум, се високи згради во некои од најголемите градови во светот. Newby-McMahon Building по ништо не личи на нив. Тој е најмалиот облакодер во светот, иако е малку повисок од двокатна куќа. Се наоѓа во американската држава Тексас и е висок само 12 метри.  Изградбата започна во 1919 година, а истата е завршена истата година. Во зградата се вложени 200 000 долари. Таа располага со четири населени ката со вкупна површина од 10 квадратни метри на секое ниво.

Најмалиот мобилен телефон

Дури и да не сте запознаени со историјата на мобилните телефони, најверојатно се сеќавате дека имаше период во кој и кај оваа индустрија важеше правилото „колку помало, толку подобро”. Денес повторно во мода се големите телефони, за разлика од Xun Chi 138. Тој е од кинеско производство и е висок само 64 мм. Располага со 121 MB меморија, WAP пребарувач, GPRS  и тежи околу 55 грама. Влезе на пазарот во 2006 година по цена од 235 долари, по што навлезе во Азија, Австралија и Европа. Ако треба да го споредиме со најголем телефон во светот – Samsung SCH-R450 Messager, тој е дури 70 пати помал.

Најмалиот автомобил  во светот

Peel P50  е најмалиот автомобил во светот. Со висина од само 119 см и вкупна должина од 134 см, тој навистина е едно џуџе меѓу автомобилите. Како што може да се очекува, возилото е меѓу бавните возила. Тоа  располага со 49 кубни сантиметри мотор кој нема да ви овозможи да подигнете 60 км / ч, без разлика колку и да се обидувате. Моделот е произведен три последователни години меѓу 1962 и 1965 година и во продажба се пуштени само 50 примероци. Денес од нив постојат 27, што ги прави многу вредни.

Најмалиот мајмун

Ако ви се допаѓаат слатки меки животни, сигурно ќе го засакате најмалиот мајмун во светот. Таа се вика пигмеј мармозетка и живее во тропските шуми на Бразил, Колумбија, Еквадор, Перу и Боливија. Должината на нејзиното тело се движи од 14 до 16 см.  Мажјаците тежат околу 140 грама, а женските 120 гр.  Малите мармозетки обично живеат 11-12 години во дивината, но во зоолошките градини е можно да го слават и 20-иот роденден.

Најмалиот телевизиски екран

Тоа е еден мала хај-тек гаџет од MicroEmissive Displays, кој е со големина на човечки нокт. Името на моделот е ME1602, тој е 0,15-инчен со резолуција од 160 × 120 пиксели. Пуштен е на пазарот во 2002 година Ако треба да го споредиме овој мини уред со најголемиот телевизор во светот, тоа би било 1000 пати помалку.

Најмалиот Океан во светот

Најмалиот Океан во светот е Северниот Леден Океан. Делумно замрзнат, тој останува мистерија и до денес. Со вкупна површина од 14 060 000 квадратни километри тој е речиси 12 пати помал од Тихиот Океан – најголем во светот. Во него живеат некои од најинтересните, но и загрозени животински видови, како китовите и моржовите. Неговиот чувствителен  екосистем е една од најголемите еколошки грижи на нашето време. Неговиот мраз се топи со 3 проценти во  деценија.

- Реклама -