Најмалите нации на светот

map_introДали некогаш сте посакале да завладеете со својата сопствена земја? Тогаш зошто не си го дозволите тоа?
За да прогласите ваша сопствена држава доволно е да си ја обележите територијата која сакате да стане независна и да побарате од најмалку една држава во светот да ја признае вашата независност.

Дали некогаш сте посакале да завладеете со својата сопствена земја?
Тогаш зошто не си го дозволите тоа?
За да прогласите ваша сопствена држава доволно е да си ја обележите
територијата која сакате да стане независна и да побарате од најмалку
една држава во светот да ја признае вашата независност.

Во светот познати се неколку микронации меѓу кои најинтересни се Sealand, Molossia и Redonda. 
 
sealand1
[[Principality_of_Sealand]]

Sealand е основана во шеесеттите години од 20 век од страна на едно британско семејство кое себеси се прогласило за
Principality of Sealand. Во седумдесеттите години се случил преврат кога еден жител се осмелил да го прeземе Sealand, секако со надворешна помош. Меѓутоа за брзо време Sealand бил вратен, а напаѓачите притворени се додека не завршиле преговорите за нивното ослободување.

molossia
[[Republic_of_Molossia]]
 
Molossia е основана исто така во седумдесеттите години на мал имот во Невада. Оваа држава од четворица, опкружена од сите страни од САД, била и првиот домаќин на олимписките игри на микронациите. Претседател на Molossia е Kevin Baugh.
 
 
redonda
  [[Redonda]]
 
Redonda за првпат била прогласена за држава од Кристофер Колумбо во 1493. Целата држава всушност се простира на една карпа опколена со вода.
Пред 2 години, еден англиски паб се прогласил за амбасада на Redonda со цел да ја избегне забраната за пушење на јавни места.       
- Реклама -