Најмалата поштенска служба во светот

поштаТрадиционалната пошта сè повеќе ја губи битката со модерните форми на комуникација. Голем дел од нас не ни знаат како да напишат писмо. Но има некои луѓе кои се трудат да го одржат овој метод на комуникација во живот.

Традиционалната пошта сè повеќе ја губи битката со модерните форми на комуникација. Голем дел од нас не ни знаат како да напишат писмо. Но има некои луѓе кои се трудат да го одржат овој метод на комуникација во живот.

пошта

Токму тоа е целта на Најмалата Поштенска Служба во Светот која функционира во Сан Франциско. Оваа поштенска служба може да испрати минијатурно писмо до секоја адреса во светот. Цената за испраќање едно писмо е само 8 долари. Прво, писмото ќе биде напишано со мали букви на мало парче хартија. Потоа ќе биде вметнато во минијатурен коверт кој ќе биде сместен во специјален проѕирен коверт кој содржи лупа. Намената на лупата е да им овозможи на поштарите да ја прочитаат адресата. Откако ќе заврши овој процес, писмото се праќа по традиционална пошта.

пошта
пошта
пошта
пошта
пошта
- Реклама -