Германскиот архитект Ван Бо Ле-Менцел решил да ја создаде најмалата куќа на светот, соодветно наречена „Куќа од еден метар квадратен“. Сега, таа се издава.
Логиката на Ле-Менцел е едноставна. Тој вели – ова е единствената куќа на светот што јас можам да ја поставам каде што сакам, за која јас одлучувам на која страна ќе гледа прозорецот, од каде ќе се отвара вратата и кои соседи ќе ги имам.
Дополнително, тој решил до 29 јули да покани колку што е можно повеќе луѓе во околината на Берлин да изградат вакви куќички, а дури и ветил дека ќе ги покрие трошоците за оние што не можат да си дозволат да градат сами. Единствен услов е да му дозволат до крајот на експериментот да ги издаваа, по што, од 30 јули натаму, сите сопственици ќе може да си ги земат куќите.
{youtube}Okqa7qdAPbo{/youtube}
Моментално, овие просторни куќи се издаваат по цена од 65 денари за една ноќ.