Најлудите преработки на холивудски филмови (видеа)

Повеќе...

Новите верзии на старите филмови не се само холивудска опсесија, погледнете ги на пример турската верзија на E.T. и Војна на ѕвездите, индискиот Супермен и Титаник од Нигерија. Дефинитивно ниеден холивудски римејк не е толку забавен.

Новите верзии на старите филмови не се само холивудска опсесија, погледнете ги на пример турската верзија на E.T. и Војна на ѕвездите, индискиот Супермен и Титаник од Нигерија. Дефинитивно ниеден холивудски римејк не е толку забавен.
Турска верзија на Војна на ѕвездите
Освен што го користи Лукасовиот материјал за филмот, овој режисер прави позајмица и кога се работи за музиката – од Спилберговиот Индијана Џонс.
 
{youtube}ES0C7x2OXaE{/youtube}
 
Додека низ Турција хараше оваа локална верзија на Војна на ѕвездите, Спилберг таа иста 1982 година го сними E.T. Само една година после премиерата и овој филм доби турска хорор верзија со име Badi. Погледнете како изгледа овој no-budget фим од најлошото време на Yesilca (турскиот Холивуд).
 
{youtube}z0U-M9W4nKw{/youtube}
 
На римејк верзиите не им одолеа ни најголемата филмска индустрија на светот – боливудската. Погледнете ја на пр. оваа индиска ала Елвис Присли верзија на Супермен, во која главниот херој како што сосем му доликува малку и ќе запее и заигра.
 
{youtube}nJsQgKCTucM{/youtube}
 
Ако пак мислевте дека локалните верзии на холивудските блокбастери се само минлив тренд од 80-тите, еве едне наслов кој ќе ве предомисли. 
Сниман некаде околу 1998 год., Chachi 420, е индиска верзија на Mrs. Doubtfire, хит комедијата на Робин Вилијамс од 1993. Chachi не само што беше голем хит во Индија, туку заработи и три номинации за тамошните Filmfare награди.
 
{youtube}Yk0K_Y1n_d4{/youtube}
 
И најдоброто за крај – нигериската верзија на мегаблокбастерот на Џејмс Камерун – Титаник. Објавен под насловот „Masoyiyata/Titanic“, филмот ги комбинира изворните ефекти на оригиналот со low-tech VHS снимените материјали во Нигерија. Како режисер на ова „ремек-дело“ е потпишан Farouk Ashu Brown, додека нигериската верзија на Селин Дион е локалната музичка ѕвезда Hausa. Исечоци од филмот можете да погледнете тука.
- Реклама -