Додека сите сме во исчекување на Оскарите, погледнете една мала ретроспектива на „најсмелите“ стилски изданија на припадниците на посилниот пол.
1. Сони Боно 1968
Моментот кога сте поблескаво облечен од вашата партнерка. А партнерка ви е Шер.
2. Исак Хејс 1971
Во 71-та соул легендата се одлучи за одело збогатено со виолетово крзно и свилена кошула во истата боја.
3. C-3PO, 1978
Идејата C-3PO да присуствува на Оскарите ни се допаѓа многу. Сепак, и тој се најде на оваа листа бидејќи нема ништо посрамно кога некој на церемонијата е исто облечен како вас.
4. Партнерот на Дајана Рос, 1985
Името на овој човек не ни е познато. Но во 1985-та толку храбро се упати на Оскарите, што не можеше да биде одминат од листата.
5. Роб Лоу, 1988
За жал, не успеавме да најдеме фотографија на која во целост ќе му го доловиме изгледот на Роб во 88-та. Но, не се ни сомневаме, дека какви пантолони и да носел, одлично одговарале со неговото болеро.
6. Роберт Дауни Џуниор, 1989
Со оглед на тоа што Сара Џесика Паркер важи за модна икона, се прашуваме, дали можеби на сликава се буни заради пиратската марама и каиш на нејзиниот партнер.
7. Роберт Дауни Џуниор, 1994
Со оглед на тоа како се облекува актерот денес, претпоставуваме дека и самиот кога ќе ги види овие фотографии се прашува што ли мислел.
8. Тим Робинс, 1995
Одело со светки. Сузан Сарандон мора да била многу горда.
9. Тим Робинс, 1996
…повторно. Зошто „Бил Козби“ џемперот под плишаниот костим, збогатен со ланче, не смее никако да остане незабележан.
10. Вил Смит, 1997
Лицето на Џејда кажува се.
11. Денис Родман
Веројатно сме сите веќе навикнати на ексцентричниот имиџ на кошаркарот, но што е многу, многу е.
12. ‘N Sync, 2000
Толку…многу…гел!