„Најлошото допрва доаѓа“, изјави бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, коментирајќи ја големата нафтена дамка која контаминираше повеќе од 200 плажи. „Она што досега се случи и што е собрано е мал дел од она што истекло“, додал тој во интервјуто за бразилска телевизија.
Според него, сите показатели упатуваат на тоа дека за еколошката катacтрофа одговорен е грчкиот танкер „Бубулина“, кого бразилските власти го посочија во петокот. Компанијата ги отфрла таквите наводи.
Според Болсонаро, се работи за „кpиминален чин“ и се очекува „многу поголема катacтрофа“.
На 29 јули бразилските власти открија излеана нафта на повеќе од 700 километри од брегот на сојузната држава Параиба. До 30 август нафтата се појави на бразилските плажи, а сега е стигната до државата Баија.
Афектирани се околу 2.000 километри од брегот, вклучително и регионот Аброљос, кој е засолниште на грбавите китови и дом на ендемски видови корални гребени кои ги нема на друго место во светот.
Според „Oilprice.com“, излеаната нафта, поточно справувањето со штетите, може да го чини Бразил милијарди долари. Бразилскиот потпретседател го карактеризираше како „без преседан во светот“ и задолжи 5.000 вojници да помогнат во нajпoгoдeните области.