Во изборот на списанието GQ, врвот на листата на најлошо облечени мажи за 2009 година неприкосновено го зазеде британскиот премиер Гордон Браун. Проверете кој друг се најде на истата листа.
Во изборот на списанието GQ, врвот на листата на најлошо облечени мажи за 2009 година неприкосновено го зазеде британскиот премиер Гордон Браун. Проверете кој друг се најде на истата листа.
1. Гордон Браун
Еден од највлијателните луѓе на светот и веројатно најмоќниот политичар во Велика Британија, Гордон Браун, доби удар непосредно пред изборите, откако беше неприкосновено прогласен за најлошо облечен маж во 2009 година. Уредничкиот коментар кон изборот со заокружува со: „Ова е пример за сѐ, освен за британска елеганција. Неговиот стил е сведен на носење црн костум, малку изгужван“.
2. Расел Бранд
На второто место на листата се најде екцентричниот комичар Расел Бранд. За него не постои зајадлив коментар, затоа што самиот е свесен колку лошо се облекува и тоа воопшто не му пречи.
3. Никола Саркози
Овој политичар има помалку простор за изговори дури и од победникот. Саркози ја предводи земјата на модата, а сепак котира толку високо на листата на најлошо облечени мажи. Според уредниците, ова се должи на фактот што Саркози наместо сето свое внимание да го фокусира на стилот, тој постојано бара нови и нови начини да го скрие фактот дека е висок само 165 сантиметри. Сепак, подигнатите чевли не се кријат толку лесно.
На листата на најдобро облечени мажи, во истото списание, на врвот се најде Роберт Патинсон, ѕвездата на филмовите „Самрак“. На таа листа со него се најдоа и членовите на обновената група Тејк Дет, како и последниот Џејмс Бонд, Даниел Крег.