Музичката индустрија страда, дури и најталентираните изведувачи имаат тешкотии во продавањето албуми и билети за концерти. Но, една комплетно ужасна песна со наслов “Friday” во изведба на претходно непозната, маргинално талентирана поп пејачка Ребека Блек некако успеа да стане популарна.
Видеото за оваа песна било поставено на YouTube на 11 февруари, петок, по што за само два дена било изгледано 2,2 милиони пати. Еден месец подоцна видеото е изгледано речиси 6 милиони пати. Но, песната е толку ужасна што многумина се прашуваат дали можеби се работи за пародија во режија на Lonely Island.
{youtube}iIpbj_OlEDU{/youtube}