Студенти на смерот креативен маркетинг се обложиле за тоа како правилно се изговара името на компанијата Nike.За таа цел студентите испратиле писмо до компанијата, и тоа, директно до Филип Најт кој што е претседател на бордот на директори.
„Искрено, не верувавме дека ќе ни одговори, секоја чест! Неколку седмици подоцна го имавме одговорот во нашите раце“, велат студентите.
Мартин и Петерс ја објавиле фотографијата со одговорот што им го испратил Најт, па верувале или не, правилно се изговара Најки.