Изолираниот остров Гоф се наоѓа на околу 2574 километри југозападно од Кејптаун. Од 1956 година Гоф е дом на шест работници кои престојуваат на островот по 13 месеци.
Со површина од 90 километри квадратни Гоф е само точка на површината на Земјата. Но, островот се наоѓа на крајот на западниот ветар “Roaring Forties”, и бидејќи студениот воздух во јужна Африка доаѓа од југозапад, Гоф е во совршена позиција за предвидување на зимското време во Јужно Африканската Република.
Експедициите кои ја одржуваат метеоролошката станица се дел од South African National Antarctic Program (SANAP) и типично се составени од еден постар метеоролог и двајца помлади, радио техничар, доктор, дизел механичар и биолог. Покрај овие работници на островот нема никој друг.
„Кога добив шанса да бидам дел од Гоф 55 експедицијата не се двоумев“ рекла Соња Лиземор, доктор и лидер на тимот за зимата 2010 година, која претходно поминала две години на експедиции во Боцвана и една година во Саудиска Арабија. „Обожавам да бидам на движење и да искусувам нешто различно.“
Овој процес е сличен на воена служба. Програмата им дава на кандидатите соодветен тренинг, сместување и заштитна опрема. Единствениот трошок кој кандидатите го имаат се личните предмети, фотографска опрема и телефонски повици.