Еден човек во Амазон живее сам, како последен претставник од својот народ. Никој не знае како се вика, ниту пак што се случило со неговите сонародници. Сега, единствениот преживеан припадник на неконтактираното амазонско племе е постојано заштитуван од надворешни влијанија, од бразилските власти.

Надлежните лица во Бразил одлучиле да постават карантин зона со површина од 80 километри квадратни околу делот во прашумата каде што живее човекот. Никому не му е дозволен влез, особено не на компаниите што вршат сеча на дрвја и кои неколкупати претходно се обиделе да отидат таму.
Изолираните племиња отсекогаш ги фасцинирале туѓинците. Пример за тоа е и оваа фотографија од припадник на едно амазонско племе, направена уште во 1922 година.
Во случајот со најновиот изолиран домородец, антрополозите неколкупати во минатото се обиделе да стапат во контакт со него, но тој веќе 15 години успешно ги избегнува. Еднаш, агент премногу му се приближил и добил стрела во градите.
Човекот кој е прогласен за најизолиран човек на планетава живее во делче прашума преостанато помеѓу исечените делови и околните ранчови, правејќи го вистински симбол за уништувањето на амазонската природа, како и за постојаното нарушување на автентичниот начин на живот на примитивните народи. [Sole survivor of Amazon tribe is most isolated man on Earth]