Мажите и жените доживуваат одредени стравови поврзани со сексот, кои обично се разликуваат во зависност од полот.
Некои студии сепак потврдуваат дека има и такви кои се заеднички и за двата пола.
1. Треперење – лошата форма може да се одрази и на претставувањето во кревет. Овој физички проблем може привремено да го прекине уживањето во сексот.
2. Преголемо потење – потењето е нормална реакција на телото, но ниту мажите, ниту жените не сакаат тоа да се случи за време на секс, бидејќи мирисот може да го оттргне партнерот од задоволството.
3. Видот на задникот – и мажите и жените се опседнати со својот изглед и затоа се загрижени како изгледаат одредени делови од телото кога им се голи. Кога станува збор за нешто што е важно и за двата пола, тоа дефинитивно е задникот.
4. Време за постигнување на оргазам – мажите го достигнуваат побрзо, а жените побавно. Затоа првите се плашат дека сексот ќе заврши премногу брзо, а на последните дека им треба премногу време. И двата пола сакаат да постигнат оргазам истовремено, но тоа е тешко и предизвикува тензии.
5. Влакна – секој има различен вкус кога станува збор за влакната, но кога партнерите не се познаваат добро, мажите се плашат дали се премногу или недоволно влакнести, а жените имаат сличен проблем со влакната на интимните делови.
6. Ненадејни реакции на телото – телото е подложено на големи физички тензии за време на секс, затоа можат да се случат и ненадејни телесни реакции, на пример испуштање на гасови. Не е изненадување дека тоа ги мачи и двата пола.
7. Лицето за време на оргазам – сите се загрижени каков им е изразот на лицето и какви звуци испуштаат за време на оргазмот. Потребата постојано да изгледате идеално дури и во тој момент може да предизвика загриженост или засрамување.