Чудно но, вистинито. Според најновите истражувања луѓето кои се многу среќни и весели умираат порано, а причините за тоа се бројни. Ова е само уште еден доказ дека во ништо не треба да претерувате, па ниту во среќата и веселбата. Не постои нешто во животот од што не можете да се предозирате…
Според следењата на истражувачите, децата кои во училиште биле опишувани како премногу среќни и весели умирале просечно многу порано од другите. Причините за тоа се бројни. Научниците велат дека многу среќните и весели луѓе лесно се впуштаат во разни активности кои можат да бидат многу опасни по животот, но тие, бидејќи се постојано среќни и весели не можат да се убедат себеси дека нешто може да донесе лош крај.
На пример младите, кои се секогаш оптимистички настроени, можат многу лесно да се навлечат на наркотично сретство, да возат со преголема брзина и слични работи кои ги прават за уживање, а при тоа воопшто не размислувајќи на последиците.
Од друга страна пак ваквиот тип на луѓе се многу склони кон ментални пореметувања, и спротивно на многу мислења, овие луѓе понатаму во животот лесно можат да западнат во тешка депресија, од голема радост до неизлечива тага – тврдат научниците.
Резултатите од ова истражување се објавени во списанието Perspectives on Psychological Science и научниците во него додаваат дека луѓето треба да бидат среќни и весели, но велат дека животот треба да се сфати сериозно. Во ништо не треба да претерувате па ниту во среќата и веселбата, бидејќи лесно можете да западнете во криза. Бидете оптимисти, но функционирајте реално.
Објавено во соработка со За Здравје.