Ив и Симон
Љубовта меѓу француските филмски ѕвезди Ив Монтана и Симон Синиора е инспиративна за неколку генерации Французи. Кога се запознале и двајцата биле познати и убави. Милиони млади луѓе во светот се обидувале да бидат како нив. Двојката се венчала во 1951 година и иако Ив длабоко ја сакал Симон, тој слетал на нечиј друг женски балкон. Тоа се случува во 1960 година, кога на сетот на “Милијардерот” (ака и со наслов “Ајде да водиме љубов”) најубавиот Французин со италијански корени ја среќава Мерилин Монро. Она што заискрело помеѓу нив, било многу повеќе од една искра, а кога дознала Симон била скршена. “Таа или јас!” – го условила актерката нејзиниот сопруг, а тој не успеал да собере храброст за да ја напушти и да заживее со американскиот секс симбол Мерилин. Огорчената сопруга се предала кон огромни количини на алкохол и цигари, се повлекла од киното и поминала неколку години во пижами меѓу ѕидовите на својот дом. Во овој период дури и не давала интервјуа за француските медиуми. Следело бавно и мачно враќање кон филмот, но тагата по загубената љубов засекогаш останала во нејзините очи. Таа и Ив остануваат сопружници до нејзината смрт во 1985 година. Истата година двајцата се појавуваат за последен пат заедно на церемонијата на доделување на наградите “Цезар”. Монтана умира во 1991 година на седумдесет години, но само три години порано се случува најголемата среќа во неговиот живот – тогашната девојка Керол Аиел му го раѓа единствениот син Валантен.
…продолжува…