Едит и Марсел
Едит Пјаф, најпрочуената француска пејачка на сите времиња, е позната по многуте љубовни приказни и кратките флертови со обожаватели. Една љубов навистина одиграла огромна улога во нејзиниот живот. Кога Едит се сретнала со боксерот Марсел Сердан, таа веќе била ѕвезда, при тоа навикната на висок стандард и боемски живот. Љубовта кон младиот боксер радикално ја преобразува. Двајцата не излегуваат со денови од скромниот дом на боксерот, а спалната соба се претвора во вообичаено живеалиште. Се оди прекрасно речиси две години, додека Марсел не тргнува за Њујорк на инсистирање на Едит и загинува во авионска катастрофа. Ова се случува во 1949 година и во следните 40 години до смртта големата пејачка не успева да најде замена на својот сакан, иако по шокот со задоволство се впушта во секакви вртлогози од страсти.