Владимир Висотски и Марина Влади
Речиси 35 години по смртта, Владимир Висотски се уште е вистинска руска легенда. Песните продолжуваат да се пеат, а приказните за бурниот живот се разнесуваат како легенди. Една од нив е и романтичната љубов со Марина Влади, која станува и негова трета сопруга. Вистинското име е Марина Владимировна Полјакова-Бајдарова, а кога животот ја среќава со таков магнетен маж како Висоцки, таа веќе е омажена два пати и има тројца синови од двајцата поранешни сопрузи. Љубовта им се разгорува многу брзо и речиси се изгледа одлично. Висотски сепак не се справува лесно со тешкиот проблем со алкохолот, кон кој наскоро ја додава и дрогата. Прави обиди за самоубиство, премногу е непостојан и лабилен, а чувствителноста често тешко се преживува од неговите најблиски луѓе. Постепено двајцата со Марина се отуѓени, но не се разделуваат. Често велел “Не можам да бидам веќе со неа, но и без неа исто така не можам”. Еден од последните телефонски разговори пред смртта, Висотки го прави токму со Марина.