Најголемите љубовни приказни во историјата

Некои од големите љубовни приказни кои што ќе ги прочитате тука се напишани од луѓе слични како нас. Луѓе кои пишувале проштални писма, оплакувале до исцрпеност и ги фаќала хистерија.

Љубовта ги довела до фрлање на чинии, треснување на врати, пијани скандали и горчливи признанија.

Тука имало и прострелни рани и гигантски државнички промени кои што влијаеле врз глобалниот политички пејзаж.

Но била љубов. Безмилосна и историски овековечена.

Денеска ве воведуваме во првиот дел, вториот очекувајте го во текот на следната седмица…

Едвард и Валис

ljuvbov1

Кралот, кој го предаде кралството во името на една љубов. По тоа е познат крал Едвард VIII, кој абдицира од престолот и го отстапува на својот брат Џон, за да се венча за една американска актерка со сомнителна репутација, според законите на пуританска Англија од почетокот на минатиот век. Самата Валис кога го сретнала Едвард, тој се уште бил принц, со два брака зад себе кои што при тоа завршиле со катастрофални скандали и драматични разводи. Аристократот, фасциниран од нејзиното слободно однесување и шарм толку се заљубил што сфатил дека е време за промена. Бракот со Валис чие што родено име е всушност Беси бил сосема очекуван, со оглед на ексцентричното однесување по кое бил познат. Како вистински боем и љубител на експерименти, тој преферирал да го поминува своето време во летање со авион или во организирање на забави со шампањ, наместо да управува со најважните кралски дела. Кога двајцата официјално стануваат сопружници, нивното присуство во кралскиот двор не е особено пожелно. Сепак тие добиваат право на титулите дук и дукеса на Виндзор.

Продолжете со читање низ страните под рекламата

- Реклама -