Улуру e магична дестинација која е една од чудата на светот.
Ова камено брдо е најголемиот камен монолит во светот и истиот се наоѓа во Австралија. Иако е доста оддалечено од било кој познат град во Австралија, самиот поглед кон оваа неверојатна карпа е непроценлив.
Со висина од 318 метри и должина од 8 километри, со право се смета за едно од чудата на светот. Поради минералите во карпестиот состав, во зависност од времето и временските услови тој може драматично да ја промени бојата од речиси виолетовосино до огнена црвена.
Пред 500 милиони години Улуру бил дел од океанското дно. Абориџините веруваат дека под површината на планината има огромна празнина, каде што се наоѓа изворот на енергија, наречен „Времето на соништата”.
Местото се почитува како свето од локалниот народ Аранда.