Ова чудовиште од базен се наоѓа на една од најубавите плажи на Сан Алфонсо Дел Мар, во Чиле. Важи за најголемиот базен во светот, признаен од Гинисовата книга на рекорди како таков, правејќи вториот најголем базен во светот покрај него да изгледа како детски базен на надувување. Долг е околу 965 метри, а најдлабоката точка е 41 метар. Едрилиците, чамците и глисерите се честа глетка во базенот.
Содржи околу 250 милиони литри филтрирана вода, која ја црпи од непосредната близина на Пацификот. Водата се одржува во постојана циркулација, преку компјутерски систем кој го контролира впивањето на едниот крај и испумпувањето на водата на другиот крај од базенот. Сонцето ја загрева водата до 26 степени Целзиусови, дури 9 степени повеќе од температурата на океанот. При целиот процес на филтрација речиси и да не се користат никакви хемикалии. Како што вели Фернандо Фишчман, сопственик на компанијата што го изгради базенот, „се додека имаме пристап до неограничена морска вода, можеме да го одржуваме без проблем, без да предизвикаме никаква штета за океанот“.
За изградба на базенот биле потребни цели 5 години, а целиот проект чинел 2 билиони долари. Годишните трошоци за одржување се проценети на 2 милиони долари.