Најголемата пештера во светот, долга 8.8 километри

Добредојдовте во најголемата пештера на светот, Son Doong, во Виетнам.

Пештерата е откриена од локалното население дури во 1991-та. За прв пат, во 2009-тата, група британски спелеолози ја истражуваа 8.8-километарската пештера и најдоа комора долга 4.8 километри, висока 198 метри и широка околу 150 метри; димензии што за многу ги надминаа тогашните рекорди. Son Doong, што во превод значи „планинска речна пештера“ е  стара од 2 до 5 милиони години, формирана од еродирачка вода под планината.

Организираните тури низ пештерата стартуваа во 2013-тата, но со многу лимитиран капацитет – годинава, влезот ќе им биде дозволен само на 224 луѓе. Инаку, патувањето започнува со 76-метарско спуштање до дното, каде посетителите кампираат три вечери.

19cmkjt7jnidejpg[1]

19cmm7byzyohhjpg[1]

Фотографот Рајан Дебот, кој инаку е заслужен за фотографиите, ја опишува Son Doong како вонземска средина. „Отсекогаш сакав да истражувам други планети и мислам дека ова е најблиску до тоа искуство“.

1 2 3 4 5 6 7

Повеќе фотографии на официјалната интернет-страна на Рајан Дебот.

- Реклама -