Miniatur Wunderland – уникатно место каде што можете да видите неколку европски земји во една соба. Во 2000, браќата Фредерик и Герит Браунс од Хамбург започнале голем проект, изградба на најголемата минијатурна железница. Девет години подоцна, Miniatur Wunderland не е само железница, туку цел минијатурен свет.

Поставен на површина од 1150 метри квадратни, Miniatur Wunderland содржи повеќе од 10 илјади локомотиви и вагони, 700 возови, речиси илјада железнички сигнали, четири илјади возила, 160000 уникатни мали човечиња, како и неколку бродови. Речиси секој дел од оваа макета се движи и си живее сопствен живот: светлината се менува во согласност со времето од денот, уличните светилки се палат и гасат, возови, камиони, сплавови носат товар наоколу, полицијата лови криминалци, против пожарните единици излегуваат на повици, луѓе се шетаат низ паркот, се возат во трамвајот. Накратко, оваа макета се однесува и како прототипот од вистинскиот свет. За да го создадат ова неверојатно дело, покрај деветте години на браќата им биле потребни 4 тони железо, 700 килограми вештачка трева и околу 12 милиони евра.