Најголемата градина во светот: Цвеќиња за сечиј вкус

Keukenhof е најголемата цветна градина во светот, која  е позната  како „градината на Европа“.Според официјалниот сајт на Keukenhof Park, приближно седум милиони цвеови  се засадени секоја година во паркот, кој се протега на површина од 32 хектари. Keukenhof се наоѓа во јужна Холандија во малиот град Лисе, југозападно од Амстердам.

1(45)

 

Во паркот се наоѓа замокот Keukenhof, кој е изграден во 1641 година, a  цветната градина е основана во 1949 година од тогашниот градоначалник на Лисе. Идејата е да се претстави изложба на цвеќиња од цела Холандија и Европа, со што ќе се помогне индустријата во Холандија, која  е најголем извозник на цвеќиња во светот.

2(267)

Градината  комбинира различни стилови во пејзаж дизајн. Во неа  има  многу стари видови на цвеќиња, како и јапонски типови. Иако паркот е отворен за посетители само осум недели во годината , тој привлекува 800 илјади посетити годишно. Најсоодветно време да го видите е во средината на април, кога цветаат лалињата.

Прочитајте и:  Почна најобемната реставрација на Рембрантовата „Ноќна стража“ отворено за јавноста

4(249)

- Реклама -