Тежи 496 килограми, има 8048 страници, високи по 1.1 метри, и распон од 2.48 метри. Направена е во Лос Анџелес, од Луис Вејнаи, во 1930-тата. Луис потрошил 2 години и преку 8.700 часови за да ја изработи, а секоја страница ја печател буква по буква, со огромна гумена машина за печатење што сам ја направил.
За да биде преместена, Библијата мора да се подели и пренесе на 31-на секција, а тоа е направено веќе неколку пати. Најпрво, Луис ја предал на една црква во Форт Ворт, од каде подоцна, во 1956-тата, завршила како донација во библиотеката на Христијанскиот Универзитет на Абилен, каде се наоѓа и денес.