Фановите на епскиот филм „Титаник“ со години наназад тврдат дека Џек можел да преживее во студената вода заедно со Роуз, доколку и тој се качел на прилично големото парче дрво на кое таа пловеше до пристигнувањето на спасувачите. За да ја разрешат оваа дилема, Џејмс Камерон им се придружи на Џејми Хајнамен и Адам Севиџ во последната епизода од Mythbusters.
Откако направија екстензивни тестови со сите можни сценарија во филмот, беше заклучено дека двајцата измислени ликови во најголемата поморска трагедија можеле да преживеат на истото парче дрво, но само ако се сетеле да го врзат појасот за спасување на Роуз под дрвото, за зголемување на пловноста. На ова, Џејмс Камерон реагираше во негов стил: „Во сценариото пишува дека Џек мора да умре и тој умре“.
{youtube}5ijMd4bwr0w{/youtube}