Аниматорот Џо Вос долго време имал желба да влезе во Гинисовата Книга на Рекорди. Како што се ближи неговиот четириесетти роденден тој се решил да се обиде да постави специфичен рекорд.
Тој започнал да го создава најголемиот рачно нацртан лавиринт во светот и им ја кажал својата идеја на Гинис. Гинис го прифатила предлогот на господин Вос со неколку услови. Лавиринотот мора да биде минимум 10 метри квадратни, да биде нацртан само од него во присуство на сведоци и истиот мора да има можно решение.
Овој последен услов е она што ќе го спречи Вос да влезе во книгата на рекорди. Проблемот не е што лавиринотот нема решение, туку што никој не се нафаќа да се обиде да го најде. „Да бидеме реални, ова би било огромен напор“ прифаќа господин Вос кој проценува дека за навигација низ лавиринтот би биле потребни 30-40 часа.
А сепак постои и мала шанса дека тој ненамерно го затворил патот. Тој вели: „Можам со 99,4 проценти сигурност да кажам дека има решение.“ Неговиот десет годишен син предложил да се обиде, но само за плата од 20 долари за час. [This is amazing: Maker of puzzle finds few wanting to try it]