Можеби не е позната како Мона Лиза, но оваа фотографија на Чарлс Ориер, со наслов Bliss, би можела да биде погледана дури и од ремек делото на Леонардо.
Објавена во 2002 оваа фотографија го должи своето распространување на фактот што беше дифолт позадина на “Luna” темата на Windows XP. Ориер ја направил фотографијата додека одморал од друга задача во Напа Долината во Калифорнија.
Чарлс, поранешен соработник на National Geographic, не открива колку бил платен од Microsoft, но има искоментирано дека сумата била „неверојатна“.
Долго позната по распространувањето во целиот свет оваа фотографија повторно привлече внимание кога на еден блог беше објавено тврдење дека најмалку една милијарда луѓе ја виделе. Но Ориер вели дека таа бројка отсекогаш била само претпоставка.
Тој додал: „Сите луѓе со кои сум зборел се согласни дека ова е ,најпрепознатливата’ фотографија на сите времиња. Ако му ја покажете на селанец во рурална Кина големи се шансите дека тој ќе ја препознае. Ако му ја покажете на астронаут на МВС, сигурно е дека тој ќе ја знае. Сум ја видел во фотографии од Белата Куќа и Кремлин.“