Мачката Смоуки најверојатно е најгласната мачка во светот. Повеќето мачки предат со околу 25 децибели, но предењето на Смоуки во просек достигнува неверојатни децибели измерени на растојание од 150 сантиметри. Измерено одблиску, нејзиното предење достигнува 92 децибели, еквивалент на звукот на косилка, фен за коса или Боинг 737 на слетување.
Сопствениците Рут и Марк Адамс велат дека не можат да го чујат телевизорот или радиото кога Смоуки е во собата и дека се мачат со телефонските разговори. „Таа преде речиси цело време“ изјавила Рут „Дури преде и кога јаде. Тивка е само кога спие. Кога зборувам на телефон, пријателите секогаш ме прашуваат што е бучавата во позадина и не веруваат кога ќе им кажам дека е мачката.“ Рут ја посвоила Смоуки пред три години за својата десет годишна ќерка Ејми.
Семејството има две кучиња и уште две мачки, но велат дека 12 годишната Смоуки е дефинитивно најгласната мачка која ја чуле во животот. „Во зависност од расположението, нејзиното предење или е слатко или ве нервира. Не мора ни да ја галите за да почне да преде, најчесто почнува без причина.“ Рут додава дека Смоуки, чии омилени активности се јадење и спиење на прозорецот, понекогаш се закашлува поради гласното предење.
„Таа може одненадеж да почне гласно да преде и нејзиното грло се суши па почнува да кашла.“ Дијана Џонсон од Northampton Cats Protection, која ја има видено Смоуки, рекла: „Никогаш не сум чул нешто слично на нејзиното предење. Може комплетно да го уништи вашиот разговор. Необично е и никогаш не сум видела мачка која толку гласно преде.“ Семејството поднело апликација за Гинисов Светски Рекор. Претставник на Гинисовите Светски Рекорди изјавил: „Светскиот рекорд за најгласен човечки врисок е 129 децибели. Ако Смоуки може да преде со над 80 децибели, тоа е дефинитивно неверојатен подвиг.“ [Meet the cat whose family say can purr as loud as a LAWNMOWER]